Буданов: Путин оваа година може да очекува уште повеќе напади на Крим

Од:

Генерал-полковникот Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција на Украина, рече дека нападите на неговата земја врз Крим минатата година се „само почеток“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски често повторуваше дека една од неговите цели во војната е да ја врати контролата врз Крим, кој Русија го нападна и го анектираше во 2014 година.

Во последните неколку месеци Киев изврши неколку напади врз руските позиции на Крим. Еден од нив се случи минатиот месец, а беше насочен кон руската црноморска флота во кримското пристаниште Феодосија. Тоа резултираше со уништување на големиот десантен брод Новочеркаск.

Според Буданов, Путин оваа година може да очекува уште повеќе напади на Крим.

„Во 2023 година се случија првите украински упади во привремено окупираниот Крим“, изјави Буданов за „Монд“ и додаде: „И ова е само почеток“.

Шефот на украинското разузнавање, исто така, спомена дека Москва поставува поморска база на брегот на Црното Море во Абхазија, Грузија, по нападот на Киев врз базата на руската флота во Севастопол.

„Русите мораа брзо да преместат сè на југоисток“, рече Буданов.

Буданов е еден од најистакнатите украински функционери кој точно предвидел дека Путин ќе нападне неколку месеци пред почетокот на војната. Денес тој е еден од најважните воени функционери во Киев и често им дава вести на медиумите за војната.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје