Бруно ле Ру е нов француски министер за внатрешни работи

Од:

Претседателот на парламенарната група на владејачката Социјалистичка партија во Долниот дом на францускиот Парламент, Бруно ле Ру е новиот министер за внатрешни работи, соопшти прес-службата на Елисејската палата.

Ле Ру ќе биде одговорен за борбата против тероризмот – клучна задача во земјата која неколкупати во последниве години беше погодена од исламистички напади.

Тој ќе го замени досегашниот министер Бернар Казнев, којшто пак, претседателот Франсоа Оланд го назначи за премиер. Казнев на премиерската функција го замени Мануел Валс, кој поднесе оставка за да се вклучи во номинациската трка на социјалистите за претседателските избори напролет.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот