Во светот има над еден милион заразени од Ковид-19

Од:

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите податоци на веб-страницата „Worldometers“.

Најголем број се заразени во САД, Италија и Шпанија.

Само во изминатите 24 часа, во САД се пријавени 20.744 случаи, што го зголеми бројот на заразени на 235.747. Во САД денеска се пријавени 518 жртви, а вкупно починале од вирусот 5.620.

Во Италија се заразени 115.224 лица, 13.915 починале, во Шпанија 110.238 се разболеле и 10.096 ги загубиле животите.

Германија следува со 84.264 пациенти и 1.074 смртни случаи, додека Кина е на петтото место со 81.589 заразени и 3.318 жртви.

Меѓу првите десет земји по број на заразени се Франција со 59.105 заразени и 4.503 починати, Иран со 50.468 и 3.160 починати, Велика Британија со 33.718 пациенти и 2.921 починати, Швајцарија со 18.827 заразени и 536 починати и Турција со 18.757 заболени и 356 починати

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски