Бројот на заразени и починати од Ковид-19 минатата недела се намали на сите континенти освен Океанија, а бројките не биле помали од декември минатата година, кога се појави многу заразната варијанта на коронавирус- омикрон.
Вкупно, 491.255.721 случаи се пријавени во светот, вклучително и 9.368.249 минатата недела, што е намалување за 15 проценти. А бројот на смртни случаи е 25.587, што е пад од 18 отсто на неделна основа. Вкупно 6.175.357 луѓе починале од Ковид.
– Не би рекол дека дишам полесно бидејќи овој вирус не измами толку многу пати во последните неколку години, изјави за Си-Би-Ес Ентони Фаучи, американски директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.
– Верувам дека треба да очекуваме зголемување на бројот на случаи бидејќи имаме варијанта што е многу позаразна од омикрон и решивме да не спроведуваме некои методи за ублажување на рестриктивните мерки, како што е носењето маски во затворени простории, рече тој.
Варијантата Омикрон првпат се појави во Јужна Африка на 25 ноември.
Африка имаше најголем неделен пад на бројот на случаи од 29 отсто за кумулативни 11.763.022, потоа Јужна Америка за 27 отсто од 56.198.862, Азија 16 отсто – 140.833.808, Европа 14 отсто – 180.155.859, Европа 14 отсто – 180.155.859 и Северна Америка со осум отсто додека Океанија забележа пораст од 16 отсто и регистрирала 5.648.128 заразени.
Извор: МИА