Бројот на загинати во свлечиштето во близина на рудник за жад во Северен Мјанмар се зголеми на 110 лица, а судбината на сто е неизвесна, соопшти претставник на локалните власти, јави ДПА.
Претставникот истакна дека властите не располагаат со точни податоци за бројот на луѓе, кои биле во областа. Тој изјави дека повеќето се мигранти, кои барале мали скапоцени камења од остатоците од работата на рударските компании.
Свлечиштето се појави во близина на рудник за скапоцени камења и злато во саботата по дождовите во градот Хпакант, на 350 км северно од Мандалај.
Свлечиштата се честа појава во реонот, каде се остварува 90 отсто од светската добивка на жад.
На крајот на март најмалку десет лица загинаа во свлечиште во близина до други рудници за жад во реонот.