Бројот на сириски бегалци речиси 150.000

Од:

Се поголем е бројот на сириски цивили кои бегаат од судирите во државата, а особено во Алепо и во четири соседни држави од почетокот на судирите досега, регистрирани се речиси 150.000 бегалци од Сирија, соопштија ОН.

Со таа цифра опфатени се 50.227 бегалци во Турција, во која само минатата недела пристигнале повеќе од 6.000 Сиријци.

Во Јордан се регистрирани 45.869 сириски бегалци, во Либан 36.841, во Ирак 13.587, а во Ирак се вратени од 18 јули 23.228 Ирачани.

– Знаеме дека во неколку држави има многу бегалци кои се уште не се регистрирани, вели Адријан Едвардс, портпарол на УНХЦР. Дел од сириските бегалци заминале во Алжир, Египет и Мароко како и во грчкиот регион Еврос кој граничи со Турција, но нивниот број е мал во однос на сириските бегалци во држави соседи на Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски