Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, над 103 илјади регистрирани во Амазонија

Од:

Бројот на пожари во Бразил минатата година се зголеми за 12,7 проценти, достигнувајќи навјвисоки цифри за изминатата деценија. Тоа се наведува во официјалните податоци кои веројатно ќе го зголемат притисокот врз Владата на претседателот Жаир Болсонаро во врска со уништувањето на шумите во Амазонија.

Во текот на 2020 година низ Бразил имало вкупно 222.798 пожари, што е најголема бројка од 2010 година, според бразилската вселенска агенција ИНПЕ. Тоа вклучува повеќе од 103.000 пожари во бразилскиот дел од Амазонската прашума, што претставува годишно зголемување од речиси 16 проценти, соопшти ИНПЕ, кои користат сателитски снимки за следење на пожари и уништување на шумите.

Во цифрите се и повеќе од 22.000 пожари во делот на Бразил во Пантанал, најголемите мочуришта во светот, кои беа силно погодени лани со годишно зголемување за повеќе од 120 проценти.

Амазон и Пантанал се два од највредните екосистеми на Земјата.

Амазон, најголемата дождовна шума во светот, се смета за витална за ограничување на климатските промени поради јаглерод диоксидот што го апсорбира од атмосферата. Околу 60 проценти од прашумата се наоѓа во Бразил. Пантанал како што е наречен – рај на биодиверзитетот, се протега од Бразил до Боливија и Парагвај.

Речиси една четвртина од бразилскиот Пантанал беше уништена од пожари минатата година, во услови на најголема суша во регионот во скоро половина век.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он