Бројот на починати се зголеми за 185 во Шпанија

Од:

Во Шпанија во последните 24 часа од коронавирус починаа 185 лица, соопшти шпанското Министерство за здравје.

Тоа е малку повеќе во однос на 164 починати, колку што биле на 3 и 4 мај, кога имаше најмалку смртни случаи во изминатиот еден и пол месец.

Најголем број смртни случаи се регистрирани на 1 април кога починаа 950 луѓе.

Вкупниот број смртни случаи во земјата достигна 25.613.

Во Шпанија има регистрирано 219.329 случаи на коронавирус, а 123.486 луѓе се излекувани.

Шпанија е една од најлошо погодените земји во светот со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски