Бројот на иранските жртви од стампедото во Мека зголемен на 464 мртви

Од:

Бројот на Иранците кои загинаа во човечкото стампедо, што се случи за време на аџилакот во реонот на Мека, нарасна на 464 мртви, што е два пати повеќе од првичната бројка што ја презентираа властите на Саудиска Арабија, соопштено е денеска во Техеран.

Иранските власти оценуваат дека „нема повеќе никаква надеж“ оти може да се пронајдат преживеани Иранци, во оваа голема несреќа.

Според официјалните податоци што ги има презентирано Саудиска Арабија, загинати се 769 лица, а други 934 се повредени.

Иран има далеку најмногу загинати верници, во споредба со жртвите од другите земји, Египет има 75 загинати и 94 исчезнати, Нигерија 64 загинати и 244 лица кои се водат како исчезнати, па Индонезија со 57 мртви и други 78 лица што се регистрирани како исчезнати.

Повеќе муслимански земји во светот, остро ја критикуваа Саудиска Арабија за лошата организација и за слабата безбедност во време на хаџ аџилакот во Мека, но и за бавното соопштување на бројот на жртвите во стампедотото на верниците.

Официјален Техеран тврди дека има повеќе од илјада мртви, додека Пакистан, Индија и Индонезија сметаат дека бројот на жртвите е многу поголем од оној изнесен во официјалните податоци.

Саудиските власти вчера ги отфрлија ваквите тврдења, инсистирајќи на официјалните бројки и порачувајќи да се причека на резултатите од службената истрага, што по несреќата ја наложи кралот Селман.

Иранскиот верски лидер, ајатолахот Хаменеи побара од Саудиска Арабија извинување за стампедото, заканувајќи се со „остар одговор“ од Техеран.

Официјален Ријад, меѓутоа, реагираше со контраобвинување, тврдејќи дека Иран ја користи несреќата за „политички игри“.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски