Бројот на баратели на азил во ЕУ намален на ниво од пред 2015 година

Од:

Бројот на баратели на азил во земјите членки на ЕУ лани се намали на нивото од пред мигрантската криза во 2015 година, соопшти Европската статистичка агенција (Евростат).

Според податоците на Агенцијата, лани во земјите членки на ЕУ азил побарале 580.000 лица, што е намалување за 11 отсто во однос на 2017-та и на ниво како и во 2014 година.

За време на мигрантската криза во 2015 година, во ЕУ пристигнаа околу 1,2 милион бегалци, што претставува најголем бран на мигранти во Европа по Втората светска војна.

Најмногу барања за азил лани биле поднесени во Германија, а по неа следуваат Франција, Грција, Шпанија и Италија.

Најголем пад на бројот на баратели на азил лани е регистриран во Италија, додека најголем пораст на подносители на барања за престој од дури 80 отсто има на Кипар.

Меѓу барателите на азил во ЕУ и лани најбројни биле државјаните на Сирија, а по нив следуваат Авганистанците и Ирачаните.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески