Британските власти ги демантираат обвинувањата на Макрон

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ги отфрли обвинувањата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Велика Британија е „морално одговорна за смртта на мигранти, кои се обиделе илегално да го преминат Ламанш“.

– Забелешките на Макрон се погрешни, тие се целосно погрешни, изјави Пател пред Парламентарната комисија.

Таа додаде дека нелегалните преминувања на Ламанш се редовна тема на тензии помеѓу Париз и Лондон. Повеќе од 51.000 мигранти се обиделе да го преминат Ламанш минатата година, а 28.000 успеале да стигнат до британскиот брег.

Макрон им забележува на Британците што одбија да воведат легални начини за влез на мигрантите во нивната земја.

– Моралната одговорност за оние што исчезнуваат во морето не е на Франција, туку на Велика Британија, која одбива да одговори на тоа прашање, истакна Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Ќе се обидам да го убедам Трамп дека неговите интереси се исти како нашите

А1он

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина