Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Од:

Во услови на интензивирање на глобалните напори за ставање крај на војната во Украина, се зголемува фокусот на безбедносните гаранции кои би ја спречиле Русија повторно да нападне.

Британскиот премиер Кир Стармер пред помалку од две недели ја спомена можноста за „коалиција на подготвени“, во која војници од повеќе земји ќе бидат распоредени во Украина како мировници во случај на прекин на огнот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека иницијативата нема да вклучува масовно распоредување на војници, туку испраќање контингенти од неколку илјади војници на клучните локации во Украина – без потреба од руско одобрение.

„Неколку европски и неевропски земји изразија подготвеност да учествуваат во можното распоредување на мировници“, изјави Макрон за францускиот регионален весник. Според него, војниците би можеле да бидат испратени во стратешките точки во Украина за да спроведат програми за обука и да покажат долгорочна поддршка за Киев.

Москва остро се спротивставува на идејата, но Макрон рече дека Русија нема право да одлучува за тоа: „Ако Украина побара присуство на сојузничките сили на нејзина територија, Русија нема право да одлучува дали ќе ги прифати или отфрли“.

Воени претставници од неколку земји ќе се сретнат во четврток во Лондон за да разговараат за формирање оперативни мировни сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Франција – хулигани кршеа пињата со ликот на претседателот Макрон

А1он

Таен обид за мировни преговори меѓу Русија, Украина и САД во 2023 : Путин прифатил дел од планот, Зеленски одбил територијални отстапки

ВИДЕО: Русија го нападна Киев со балистички ракети, една жртва

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масакар во Дњепар: Русите погодија железничка станица, најмалку 13 мртви

Русија: Ќе разговараме за прекин на огнот само со Украина и САД, но не и со Европа

ВИДЕО: Украинците испратија над 600 дронови на Москва