Британскиот министер за внатрешни работи го поддржа Камерон за договорот со ЕУ

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј го поддржа премиерот Дејвид Камерон и договорт што го постигна доцна синоќа на Самитот на ЕУ во Брисел со лидериите на сите земји членки на Унијата.

Изјавата за поддршка на еден од клучните министри доаѓа непосредно пред специјалната седница на британската Влада, посветена на договорот.

По седницата се очекува Камерон да го соопшти датумот за одржување на референдумот за останување или за напуштање на Унијата. Според претходните најави во лондонските весници се очекува референдумот да се организира уште оваа година, до крајот на јуни.

Во своето соопштение, Меј, која важи за еден од претендентите за наследник на Камерон на лидерската функција во Конзервативната партија, вели дека „ЕУ е далеку од тоа дека е перфектна организација“ како и дека сегашниот британско-европски договор нема да влијае многу за нејзиното реформирање, но таа смета дека Британија мора да остане во ЕУ поради „безбедносни причини, заштитата од криминалот и тероризмот, трговијата со земјите во ЕУ и поради пристапот до пазарите во светот“.

– Национален интерес на Британија е да биде и натаму дел од ЕУ, вели шефот на Хоум Офисот, Тереза Меј во својата јавно изразена поддршка за Камерон.

Премиерот претходно соопшти дека по постигнатиот договор кој на Британија и овозможува „специјален стаус“ во рамки на Унијата, со целото „срце и душа“ ќе агитира за останувањето во Унијата.

Од претходно е познато е дека неколкумина министри ќе се определат против договорот и позицијата на Камерон.

Засега се знае дека тоа сигурно ќе биде министерот Мајкл Гоув, но се уште не се знае на која страна ќе се определат шефот на Форин Офисот, Филип Хамонд и министерот за одбрана Мајкл Фалон.

Како и да се определат, според медиумите во Лондон, Владата ќе ја брани позицијата што ја има Камерон, што значи дека британската Влада како целина ќе агитира за останување во Унијата.

Опозициските лабуристи уште од порано соопштија дека тие се за останување во ЕУ и дека така ќе агитираат за референдумот.

– Станува збор за непотребна претстава на Камерон со овој договор и со преговорите со Брисел, единнствено потребна за внатрепартсики цели на ториевците, изјави за Би-Би-Си лидерот на лабуристите Џереми Корбин.

Со силна поддршка за останување во Унијата се определени и шкотските сепаратисти и партијата СНП кои порачаа дека стратешки интерес на Шкотска е членството во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски