Британски војник силувал шестгодишно девојче во Австрија

Од:

Австрискиот весник „Хеут“, објави дека е уапсен британски војник поради сомнеж дека сексуално злоставувал шестгодишно девојче, во Нојштифт во Тирол.

Според наводите осомничениот е припадник на елитна британска воена единица, кој со останатите војници бил во Тирол на планински тренинг.

Како што пренесе весникот тој во тек на ноќ, преку прозорец влегол во детската соба во семејната куќа во Нојштифт и го силувал девојчето.

Таткото на девојчето се разбудил и го видел војникот, по што го претепал, а потоа повикал полиција.

На британскиот војник му е одреден притвор од најмалку 14 дена, а му се заканува и затворска казна од 15 години.

За гнасниот чин кој што предизвика револт кај австриската јавност, информирана е и британската амбасада во Австрија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник