Британски воен авион „без дозвола“ слетал во Ирска

Од:

Авион на британското воено воздухопловство (РАФ) слета без дозвола на ирската територија, предизвикувајќи дипломатски инцидент меѓу Велика Британија и Република Ирска, пишуваат медиумите во Даблин.

Авион „Херкулес“ атерирал на аеродромот во Шенон, во западната облест Клер, без да се најави и без претходна авторизација на неговит лет, што ирските власти го означуваат како „сериозен инцидент“.

Инцидентот се случил уште на 29 декември, но дури сега е обелоденет.

Според ирските медиуми, станува збор за „целосно непочитување на ирскиот суверенитет и крајно шокирачка постапка“ од британска страна.

Британските дипломати во Даблин тврдат дека дошло до „прекин во комуникациите“ но Ирците сега бараат разговори со Лондон околу мерките што би спречиле во иднина да се повтори ваков случај.

Од британска страна се дадени уверувања дека станува збор за транспортен авион кој не бил вооружен, не носел оружје или муниција, како и дека не бил во никаква мисија за надгледување и разузнавање.

Официјален Лондон ги уверувал ирските власти дека не станува збор ниту за воена вежба, или за некаква воена операција, туку дека британскиот „Херкулес“ долетал за да наполни гориво.

– Прекршена е процедурата околу давање согласност за вакви летови и за приземјување на авиони, изјави во Даблин ирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланеган.

Во текот на 2016 година, имало 21 лет со дозвола за атерирање во Ирска.

Земјата е традиционално воено неутрална, па Ирска е членка на ЕУ, но не е дел од НАТО.

Владата во Даблин има определено посебна процедура околу летовите и спуштањата на странски воени авиони на ирската територија.

Ирски пратеници најавија постапка во Дал (Парламентот на Ирска) со барање аеродромот Шенон да не се користи за вакви летови.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он