Британски институт: Нова корејска војна е реална можност

Од:

Британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ) ја предупреди Владата во Лондон дека „нова корејска војна сега е реална можност“ и апелира да отпочнат подготовки за евентуалниот судир меѓу САД и Северна Кореја.

Заменик генералниот директор на РУСИ (The Royal United Services Institute for Defence and Security Studies), Малколм Чалмерс истакна дека нова корејска воја е „реална можност“ делумно поради фактот дека Доналд Трамп е „хировит и импулсивен“.

– Ако почне војна, претседателот (Трамп) во рок од еден час телефонски ќе побара поддршка од Даунинг стрит 10. Тогаш британската премиерка ќе има само неколку часа да се изјасни за нешто што би било еден од најголемите стратешки шокови по Студената војна, истаклна Чалмерс.

Тој додава дека Велика Британија како близок сојузник на САД најверојатно ќе мора да пружи помош во судирот на Корејскиот Полуостров, каде во моментот се стационирани околу 35.000 американски војници.

– На Корејскиот Полуостров се создава опасна мешавена на севернокорејски технолошки напредок, неодамна е лансирана нова интерконтинентална ракета, како и хировитите и импулсивни карактеристики на Трамп, истакнува Чалмерс.

Според него најдобро сценарио би било Велика Британија да пружи дипломатска поддршка, со преговори со цел за сузбивање на ширењето на конфликтот и обезбедување САД и Кина „да бидат среќни“ со мировниот договор.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња