Британски „Индепендент“ ќе добие верзија на руски јазик

Од:

Рускиот медиумски магнат Александар Лебедев, кој е сопственик на британскиот весник „Индепендент“,  изјави дека планира овој месец да објави електронска верзија на весникот на руски јазик, јавуваат руските медиуми.

Лебедев, кој покрај на „Индeпендент“, е сопственик и на лондонски „Ивнинг стандард“, не прецизираше конкретен датум за лансирање на новото издание.

Главниот и одговорен уредник на новиот проект, Артјом Артиомов, изјави за РБК дека новата верзија на руски јазик ќе се состои исклучиво од руски преводи на написите на „Индепендент“ и, слично на британското издание, ќе биде достапна само на интернет.

Тој нагласи дека периодот на тестирање на веб-страницата на руската верзија започна во февруари и ќе биде достапна за јавноста во рок од две недели.

„Индепендент“ е весник во таблоиден формат основан во 1986 година, кој сега излегува само на интернет. Семејството на Лебедев, кој е поранешен офицер на советската разузнавачка служба КГБ, го купи „Индепендент“ во 2010 година за 9.25 милиони тогашни фунти (11.9 милиони фунти според денешната вредност на британската валута).

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски