Британски и германски ловци пресретнале руски авион над Естонија

Од:

Борбени авиони на британското и германското воздухопловство пресретнале руски авион кој летал над естонскиот воздушен простор, објави денеска Би-би-си.

„Актот на пресретнување беше рутински, но ова е првпат ваква операција да биде извршена заедно од овие две земји“, наведува Би-Би-Си. Германија и Британија во моментов спроведуваат претходно планирана воена вежба на НАТО за чување на воздушниот простор во Источна Европа.

Би-би-си јавува дека британски и германски ловци пресретнале руски авион за полнење гориво кој не одговорил на естонските комуникации за контрола на воздушниот сообраќај.

Џејмс Хепи, секретар на вооружените сили на Велика Британија, рече: „НАТО продолжува да ја формира основата на нашата колективна безбедност. Заедничкиот ангажман на Германија и британија на Балтикот јасно ја покажува нашата колективна решителност да се спротивставиме на секоја потенцијална закана за границите на НАТО и за во исто време ја демонстрира нашата заедничка сила“.

Би можело да ве интересира

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната