Британски борбени авиони нападнаа две позиции на ИСИС во Ирак

Од:

Борбени авиони на Кралските воздушни сили на Велика Британија нападнаа две позиции на Исламска држава во Ирак, соопшти британското Министерство за одбрана. Како што стои во соопштението во првиот напад зададени се два прецизни и успешни удари.

Двата ловци „Торнадо ГР4“ биле во извидница кога од нив курдските борци побарале помош да се одбранат од припадниците на ИСИС.

-По идентификација на артилеријата на ИСИС, авионот фрлил ласерски насочена бомба „Paveway IV“ и ја погодил метата. Тогаш на истото подрачје забележале и камион на Исламска држава полн со оружје и на него испалиле проектил „Brimstone“. Двата удари биле успешни – објави британското Министерство за одбрана.

Екипажот на „Торнадо“ кој лети над Ирак неодамна изјави дека нивната мисија е „лична“ и дека бараат правда за хуманитарецот Дејвид Хејнс кој работел 12 години во британските воздушни сили.

-Сакаме да спречиме други затвореници да завршат исто како и нашиот поранешен колега. Не се работи за одмазда, туку за правда и надеж дека можеме да ставиме крај на страдањата низ кои поминаа Дејвид и остантите заложници-вели извор од британските воени воздушни сили.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад