Британската полиција предупредува дека со намалено финансирање се загрозува нејзината работа

Од:

Висок претставник на британската полиција предупреди дека поради намалено финансирање и ресурси, полицијата ќе биде соочена со „вистински предизвици“ доколку се повторат немирите во Лондон од 2011 година.

Шефот на полицијата во округот Вест Мидлендс, Дејв Томпсон побара од Владата да ги заштити првите полициски редови со стабилизирање на финансирањето.

Томпсон истакна дека минатата година дошло до колапс на затворската служба и Велика Британија „не може да си дозволи“ истото да и се случи и на полицијата.

Британската полиција и итните служби се под поголем притисок по серијата терористички напади во изминатите месеци и пожарот во лондонскиот солитер.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија