Британска морнарица: Брод бил погоден со проектил во Аденскиот залив, избил пожар

Од:

Кралската морнарица на Британија соопшти дека брод се запалил откако бил погоден со проектил во Аденскиот залив. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), која е дел од морнарицата, соопшти дека бродот бил погоден од „непознат проектил“ во саботата на околу 70 наутички милји (130 километри) југозападно од Аден, Јемен.

Ударот резултирал со пожар, соопшти УКМТО, додавајќи дека нема извештаи за жртви. Во тек е контрола на штетите, а бродот пловел кон следното пристаниште. Агенцијата не објави детали за нападот на бродот, но советуваше да се внимава при пловењето во областа.

Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен, ги поврзува Арапското и Црвеното Море. Хутите поддржани од Иран постојано пукаа врз трговските бродови во областа од почетокот на војната во Газа во октомври. Хутите рекоа дека нападите претставуваат поддршка за палестинската милитантна група Хамас со тоа што го отежнувале товарните бродови да стигнат до Израел.

Кон крајот на март, УКМТО соопшти дека бројот на поморски инциденти во Црвеното Море и Аденскиот Залив се зголемил за 475 отсто од почетокот на нападите на јеменските Хути врз трговските бродови. Рутата што минува по Јемен е една од најважните поморски патишта за светската трговија.

Би можело да ве интересира

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати во Црвеното Море

Тајландски воен брод потона, спасени 75 морнари, по 31 се трага

Бродот „Принцот од Велс” се заглави

САД: Бродот „Москва“ погоден со две украински ракети; Киев тврди дека загинал капетанот

А1он

Американски разурнувач вплови во Црното Море

Спречен упад на американски воен брод, тензично на руската граница

А1он