Британска фирма демантира дека ја прислушувала еквадорската Амбасада во Лондон

Од:

Една од најголемите фирми за приватно водење истрага и надгледување во Велика Британија, „Сарвеланс Груп Лимитид“ (СЛГ), ги отфрли како „апсолутно невистинити“ обвинувањата на министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патињо дека нејзини техничари поставиле уреди за прислушување во зградата на екадорската Амбасада во Лондон.

Директорот на компанијата Тимоти Јанг изјави денеска дека СЛГ не се занимава, ниту пак кога било порано се занимавала со прислушување и шпионирање.

– Никој од еквадорската Амбасада или од властите во оваа земја не контактирал со нас, ниту не известил за ова за што не обвинуваат, рече Јанг, објаснувајќи дека за целиот случај дознал од медиумите.

Патињо претходно објави дека минатиот месец во мисијата на Еквадор во Лондон, еквадорски експерти за безбедност, кои биле испратени да испитаат дали просториите се „озвучени“, откриле апарат за прислушување.

Тоа се случило за време на неговата посета на британскиот главен град и средбата што тој ја имаше во зградата на Амбасадата со основачит на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој таму престојува повеќе од една година.

На прес-конференција во Кито, Патињо денеска даде повеќе детали за случајот и директно ја обвини британската фирма СЛГ за прислушување. Шефот на еквадорската дипломатија побара од британските власти помош во истрагата околу прислушувањето.

Прислушниот уред наводно бил поставен во канцеларијата на амбасадорката Ана Албан и работела со помош на СИМ картичка, што овозможувало тој да се активира на секое звонење на мобилниот или фиксниот телефон на амбасадорката.

Асанж, поради кого Еквадорците веруваат дека е поставено прислушувањето, живее во импровизиран станбен простор на сосема другиот крај од зградата на Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД