Британија воведе санкции против шефот на сириската дипломатија и функционери на режимот на Асад

Од:

Велика Британија денеска соопшти дека вовела целни санкции против шестмина членови на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, вклучувајќи го и шефот на дипломатијата, Фајсал Мекдад, заради „репресија врз сирискиот народ и стекнување корист од нивната мизерија“.

Мерките, што вклучуваат забрани за патување и замрзнување на нивните средства, се воведуваат на 10-годишнината од сириската Арапска пролет и се насочени кон советник на Асад, двајца високи воени команданти и двајца бизнисмени.

-Режимот на Асад го подложи сирискиот народ на еднодецениска бруталност поради неговата упорност да бара мирни реформи, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб.

Овие се првите мерки наметнати врз сириското раководство според британската политика за независни санкции по Брегзит, што следат по 353-те санкции што веќе се тргнати од списокот на санкции на Европската унија. Велика Британија, која официјално ја напушти ЕУ во јануари 2020 година, претходно санкциите ги воведуваше преку Унијата.

Официјален Лондон, исто така, соопшти дека преку Советот за безбедност на ОН работи на тоа да ја натера Сирија „активно да се вклучи“ во мировниот процес предводен од ОН и во преговорите за уставниот комитет во Женева. Британскиот Форин офис, исто така, го повика Дамаск да ги ослободи произволно приведените лица и да дозволи непречен пристап до помош низ целата земја.

Асад го назначи Мекдад за министер за надворешни работи на Сирија во ноември, по смртта на неговиот претходник Валид Муалем. Тој својата дипломатска кариера во сириското Министерство за надворешни работи ја почна во 1994 година, а од 2006 година беше заменик министер за надворешни работи.

Другите санкционирани лица се Луна Шибел, советник на Асад и истакнат член на неговиот потесен круг соработници, како и Малик Алија, командант на Републиканската гарда и Зеид Салах, командант на 5-от сириски армиски корпус.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци