Британија, Шпанија, Франција и Австрија го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез го призна денеска опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела.

Тој истакна дека на Венецуела и се потребни слободни и фер избори „колку е можно побрзо“.

– Го признавам претседателот на венецуелскиот Парламент, господинот Хуан Гуаидо, како привремен претседател на Венецуела, нагласи Санчез.

Велика Британија, исто така, денеска го призна опозицискиот лидер Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, изјави шефот на британската дипломатија Џереми хант.

– Николас Мадуро не распиша претседателски избори во рок од осум дена, кој му го одредивме. Затоа Британија, заедно со европските сојузници, го признава Гуаидо како привремен уставен претседател додека не се одржат веродостојни избори, напиша Хант на Твитер.

Претходно, францускиот министерот за Европа и за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, изутринава за француското радио Франс Интер, истакна дека го признава Хуан Гуаидо како „времен претседател“ на Венецуела и смета дека тој е „овластен“ да распише нови претседателски избори во земјата.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, исто така, напиша на Твитер дека неговата земја го смета венецуелскиот опозициски лидер Гуаидо за законски преоден претседател на јужноамериканската држава.

Европските земји, меѓу кои Германија, Франција, Шпанија и Британија, и поставија на владата на претседателот Николас Мадуро осумдневен ултиматум да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признаат Гуаидо за претседател, исто како и САД и други држави. Ултиматумот за Мадуро истече синоќа.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени