Британија планира да воспостави „привремена царинска унија“ со ЕУ по Брегзит

Од:

Британската влада има подготвено план за уредување царинска спогодба, што би требало да се постигне со земјите од ЕУ, по Брегзит, откриваат лондонските медиуми.

Ваквиот план би требало да му обезбеди на британскиот бизнис слободна и без ограничувања трговија, со другите 27 земји членки на ЕУ.

Тоа вклучува и постоењето на „привремена царинска унија“ со што би се избегнале граничните проблеми, откако Британија ќе ја напушти Унијата.

Британскиот бизнис подолго време бара разјаснување на условите во кои ке дејствува по Брегзит, а особено откако владата потврди дека Британија ке ја напушти царинската унија.

Царинска унија претставува територија за слободна трговија во рамките на ЕУ во кој земјите кои се дел од унијата, не воведуваат посебни даноци при увозот, една кон друга и од земји надвор од таа територија.

Со европската спогодба за царинска унија, сите земји членки на ЕУ имаат иста увозна тарифа за стоките кои доаѓаат од странство.

Документот за царинската унија е првиот што владата во Лондон и го понуди на јавноста, во серијата документи што ке и се понудат на јавноста, за да се види какви се британските позиции за бројните прашања за кои веке се преговара во Брисел, за излегувањето од ЕУ.

Според ваквата определеност на владата, излегува дека Британија ке побара од ЕУ да се воспостави „привремена царинска унија“ за времето на транзицијата, откако Британците ќе се повлечат од ЕУ, на крајот од март 2019 година.

Во тој период, Британија и ЕУ ќе може да почнат преговори за идните трговски односии за пстигнувањето договор за слободна трговија, што сега не може да се направи, затоа што Британија, и натаму е членка на ЕУ.

Оваа недела се очекува да биде публикуван и документот за британските видувања како да се уреди прашањето за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, едно од трите клучни прашања во преговорите со Брисел.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов