Британија планира да достави пет милиони долари хуманитарна помош за Газа

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон објави денеска дека Владата одлучила да достави три милиони фунти (пет милиони долари) за Појасот Газа под форма на хуманитарна помош за настраданите од воените дејствија во регионот, јави ИТАР-ТАСС.

Камерон рече дека со тие средства треба да бидат купени прехранбени производи за 300.000 жители на палестинската енклава.

Многу меѓународни набљудувачи истакнуваат дека хуманитарната ситуација во Газа во моментот е исклучително тешка, поради што британската помош нема во целост да ги олесни страдањата на населението.

Од почетокот на воената операција во регионот пред околу три седмици загинале 56 Израелци, вклучувајќи тројца цивили, а околу 1.000 биле повредени. Според податоците на палестинското Министерство за здравство од 8 јули досега загинале 1.267 лица, а над 7.000 биле повредени.

Би можело да ве интересира

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа