Британија и Франција загрижени за ескалација на конфликтот во Газа: Нека основаат две држави

Од:

Британскиот премиер Риши Сунак и францускиот претседател Емануел Макрон изразија загриженост за испораката на хуманитарна помош во Газа и опасноста од ширење на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Даунинг стрит по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери.

Израелските воени сили ги проширија копнените операции во Газа, нивните воени авиони погодија уште стотици цели на Хамас. Израел го нарекува втора фаза од тринеделната војна. И Сунак и Макрон остварија одделни посети на Израел и соседните земји по смртоносниот напад на Хамас во Израел на почетокот на овој месец, што го предизвика конфликтот.

„Двајцата лидери ја истакнаа важноста од испраќање итна хуманитарна помош во Газа. Тие се согласија дека ќе работат заедно на напорите за испорака на храна, гориво, вода и лекови до оние на кои им е потребна, како и за извлекување на странските државјани од таму“, изјави портпаролот на Сунак, додавајќи дека двајцата лидери „изразиле загриженост за опасноста од ескалација на конфликтот во поширокиот регион, особено на Западниот Брег“.

Според соопштението од кабинетот на Макрон, двајцата лидери го повториле правото на Израел да се брани во границите на меѓународното право, како и важноста да се најде начин за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас. Сунак и Макрон рекоа дека долго одложуваното решение на проблемот со формирање две независни држави, за Израелците и за Палестинците, е најдобриот начин да се гарантира мир.

Би можело да ве интересира

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира