Британец обвинет за пружање помош на дете-бегалец во Франција

Од:

Француските власти покренаа обвинение против Британецот Роб Лори, затоа што во својот автомобил во Кале криел четиригодишно дете-бегалец од Авганистан без документи, со цел да го пренесе во Велика Британија.

Тој ризикува пет години затворска и 30.000 евра парична казна поради „директно или индиректно олеснување“ на противзаконско движење на странци во Франција, јави дописникот на МИА од Париз.

Овој 49-годишен сопственик на компанија и татко на четири деца, ја прифатил молбата на таткото на четиригодишната Бахар Ахмади од Авганистан, кои живеат во дивиот бегалски камп во Кале, да ја пренесе во авганистанската заедница во Лидс. Но, Роб Лори беше запрен од француската гранична полиција на 15 октомври заедно со девојчето.

Тој не е првиот кој ќе одговара пред француските судови за „пружање на помош на имигрантите“, кое беше приемнувано во „кривично дело за солидарост“.

На 18 декември 2015 и се судеше на пензионирана 72-годишна професорка, која беше осудена на 1.500 евра парична казна од Судот во Грас, бидејќи и транспортираше странци без документи. Таа со својот автомобил од железничката станица во Ница до таа во Антиб, пренела една млада жена и едно малолетно дете, кои сакале да одат на северот од Европа. Судијата заклучи дека таа „помогнала за престој на лица со нерегулиран статус“.

Пет месеци порано во Перпињан член на здружение за помош на странци без документи, беше обвинет за „помош при илегален престој“, бидејќи му дал прибежиште во својот дом на едно ерменско семејство меѓу јануари 2014 и јули 2015.

Во меѓувреме петицијата со која се бара бритнскиот државјанин да не оди в затвор веќе ја имаат потпишано околу 120.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on