Британците кои војуваат на страната на Курдите во Сирија тврдат дека не се платенци

Од:

Британецот Џејми Рид кој се бори на страната на вооружените Курди во Сирија, против џихадистите од групата Исламска држава (ИД), изјави дека тој и неговиот другар и соборец, исто така Британец, Џејмс Хјуз, не се платенци и не војуваат за пари.

Во изјава за радио Би-Би-Си, тие тврдат дека се доброволци, дека Курдите им обезбедуваат оружје, униформи, храна и сместување, но се викнати за пари, ниту дека сега примаат плата.

Рид и Хјуз се поранешни британски војници во Авганистан и за нив се разбра, кога на социјалните мрежи се појави фотографија на која се наоѓа и еден Американец.

– Ние сме со Курдите за да им помогнеме со своето воено знаење на овие невини луѓе кои се оставени сами за да му се спротивстават на теророт на Исламска држава, велат двајцата Британци.

Тие инсистираат дека никој не ги пратил или изнајмил за да војуваат,но одбиваат да кажат каде се борат, како и дали покрај нив има уште Британци во редовите на курдските борци против ИД во Сирија.

Засега се знае дека петанаесетина лица од Западот, се наоѓаат на сирискиот фронт војувајќи заедно со тамошните Курди.

Владата во Лондон нема прецизни сознанија колкумина се на фронтот против ИД,освен што се верува дека повеќе од 500 британски муслимани се борат со џихадистите на Исламска држава, за создавање на исламски калифат на територијата на Сирија и Ирак.

Британските власти сметаат дека тие се закана за безбедноста на Велика Британија и најавија апсење и обвинување за тероризам за сите кои војувале со ИД, при нивното враќање дома.

Само оваа година, се уапсени и обвинети сто џихадисти-повратници од сирискиот фронт.

Владата на премерот Дејвид Камерон најави нови и построги мерки против британските џихадисти, на тој начин што на сите кои војуваат за ИД ќе им бидат поништени британските пасоши и тие не ќе може да влезат на британска територија, а ќе им се ограничува излезот од земјата на оние за кои се сомнева дека може да им се приклучат на милитантните суниитски исламисти од ИД.

Форин Офисот засега не го коментира присуството на британски доброволци во курдските редови, освен што вели дека сите кои војуваат во Сирија ризикуваат да бидат уапсени, доколку се вратат, како и обвинети ако се утврди дека учествувале во терористички напади и акти на тероризам.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он