Британците ја поддржуваат заострената владина политика кон имигрантите од ЕУ

Од:

Британците ги поддржуваат позицијата и мерките на Владата во Лондон кон имигрантите од ЕУ, а посебно кон т.н. „социјален туризам“, покажува истражувањето на агенцијата „Бритиш Соушал Атитјуд“.

Дури 77 отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека европските имигранти треба да престојуваат три години во Велика Британија, пред да може да бараат и да добијат социјална помош.

Во 2003 година, вака размислувале 40 отсто од Британците. Анкетата покажа дека 61 отсто од луѓето верува дека ваков закон и е потребен во земјата, како мерка против „социјалниот туризам“. Една четвртина од анкетираните сметаат дека странците од земјите на ЕУ доаѓаат во Велика Британија само за да бараат и добиваат социјални бенефиции, иако половината верува дека луѓето, сепак, се дојдени за да најдат работа и да работат.

Истражувањето што е годишно и агенцијата го прави веќе подолго време, е спроведено со три илјади лица, во периодот меѓу јуни и ноември 2013 година.

Во тој период Владата во Лондон покрена силна кампања за ограничување на имиграцијата и за лимитирање на бројот на имигранти од земјите на ЕУ, наспроти сегашниот пропис за слободно движење на луѓето и на работната сила низ земјите на Унијата, што е еден од темелите на европското интегрирање, Владата на премиерот Дејвид Камерон најави нови преговори со Брисел за идните британско-европски односи и референдум за напуштање, или останување во ЕУ, до крајот на 2017 година.

Не чекајќи на согласност со другите во ЕУ, Владата во Лондон веќе донесе мерки според кои европските имигранти мора да престојуваат три години во Велика Британија, пред имигрантите да бараат работа и да можат да аплицираат за социјална помош како невработени.

Британските ториевци од редовите на домашните евроскептици кои ја покренаа целата антиимиграциона кампања, тврдат дека странците од ЕУ доаѓаат во Британија само за да се пријават како невработени и да влечат парво на социјална помош, затоа што таа е повисока од онаа што би ја имале во својата земја. Тоа посебно се однесува на имигрантите од источноевропските земји, но истражувањето открива дека вака размислуваат и околу 25 отсто од Британците.

Направената анкета покажува дека домашната јавност се повеќе се противи на напливот на имигранти во земјата, па дури 77 отсто верува дека бројот на имигрантите е превисок и треба да се намали, што е многу повисок процент од оној пред две децении. Сега само 28 отсто од оние кои живеат надвор од Лондон сметаат дека странските работици се добри за британската економија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ