Брисел покрена уште една прекршочна процедура против Полска

Од:

Европската комисија покрена прекршочна процедура против Полска за присилното пензионирање на судии од Врховниот суд, само еден ден пред стапувањето во сила на судските реформи со кои е предвиена оваа мерка.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, ова е втора ваква процедура против Полска, а на земјата и се заканува и суспензија на правото на глас во Советот на ЕУ поради загрозување на независноста на судството.

Од утре 27 од вкупно 72 судии во Врховниот суд на Полска се под закана од присилно пензионирање, согласно новиот Закон за Врховниот суд, со кој е намалена границата за пензионирање на судиите од 70 на 65 години, што предизвика сомнеж дека полските власти се обидуваат да извршат чистка во судството. Слична мерка е преземена и за обичните судови, а Европската Комисија води прекршочна постапка и за тој случај.

Со измените мандатот на самиот претседател на Врховниот суд на Полска би можел да биде предвремено прекинат. Законот за Врховниот Суд им дава можност на судиите да побараат од полскиот претседател еднократно продолжување на мандатот до три години, но проблемот е што не се утврдени критериуми за одлуката на шефот на државата и таа не може да биде оспорена.

Европската комисија смета дека Полска со оваа мерка го поткопува принципот за независност на судството и го прекршува членот 19 од Повелбата на Европската Унија.

Брисел испрати писмо до полските власти во рамки на оваа итна постапка и очекува одговор од Владата во Варшава во рок од еден месец. Доколку нема одговор или доколку тој не е убедлив, случајот би можел да отиде пред Европскиот суд за правда.

Би можело да ве интересира

Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Полска објави дека поддржува решение со две држави за Израел и Палестинците

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија