Брисел ги продолжи санкциите кон Русија за уште една година

Од:

ЕУ ги обнови на уште една година санкциите против Русија како одговор на анексијата на Крим и Севастопол од страна на Москва, првпат воведени во 2014 година. 

Советот на ЕУ потсетува дека рестриктивните мерки се однесуваат на забраната за увоз на производи со потекло од Крим или Севастопол во ЕУ, но и забрана за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на Крим или Севастопол.

ЕУ, исто така, го ограничи извозот на одредени стоки и технологии на кримските компании или за употреба на Крим во секторите транспорт, телекомуникации и енергетика, вклучително и истражување и производство на нафта, гас и минерални суровини.

Брисел потенцира дека ЕУ сè уште не ја признава незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација и продолжува да го осудува ова „кршење на меѓународните закони“.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски