Брејвик се жали на цензура

Од:

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик, осуден за терористички напади и масакар во Осло и на островот Утоја, во писмо испратено до норвешкиот весник „Моргенбладет“ се жали дека неговата пошта се цензурира.

Од 8. август лани повеќе од 450 писма, кои Брејвик ги нарекува „сосема законски“ биле стопирани, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Неговиот адвокат Торд Јордет го обвинува криминалното здравство за примена на „политичка цензура“.

Но од страна на криминалното здравство се отфрлуваат таквите обвинувања.

– Не. Станува збор за криминал. Тоа е лице кое извршило терористички напади и сега сака да објаснува какви се неговите намери за дејствување во иднина, вели затворскиот директор Кнут Бјаркеид.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби