Брејвик можел да биде запрен навреме

Од:

Името на норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик се наоѓало на масата на норвешката тајна полиција повеќе месеци пред тој да ги изврши терористичките напади во Осло и на островот Утоја, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Имајќи го предвид тоа, Брејвик можел да биде запрен во планирањето и извршувањето на атентатот, смета шведскиот професор Вилхелм Агрел, експерт за разузнавачка анализа.

Според мислењето на Агрел, Брејвик бил „промашен“ затоа што разузнавачките активности се главно насочени кон исламисти.

Шведскиот професор во својата анлиза укажува на недостиг од широчина во следењето на активностите, при што во исто време предупредува дека и шведската тајна полиција би можела да направи иста грешка.

– Сите големи организации ги фаворизираат сопствените работни методи и притоа нештата кои се наоѓаат вон сликата за главната закана се сфаќаат како неинтересни и дополнително оптоварувачки за ресурсите кои се на располагање, вели професот Агрел за шведскиот весник „Дагенс нихетер“.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби