Брејвик бил злоставуван како дете

Од:

Мајката на норвешкиот убиец Андерс Брејвик како мал го изложувала на сексуални содржини, го тепала и често му говорела дека жали што воопшто го родила, се наведува во извештајот на детскиот психолог, објавен во новата книга под наслов „Норвешката трагедија“.

„Таа гледала на него како на возрасен човек, иако тој бил многу мал. Се плашела дека може да почне да напаѓа луѓе“, напишал авторот на книгата Ага Бохгревинк.

Во извештајот на психолог било наведено и дека мајката на Брејвик уште додека бил мал, сметала дека нејзиниот син бил „агресивен, хиперактивен и опседнат“.

„Мајка му и Андерс спиеле заедно во ист кревет, во многу близок телесен контакт“, навеле психолозите од норвешкиот центар за детска психијатрија, во кој Брејвик и неговата мајка поминале неколку недели во 1983.година.

Нивните соседи тогаш биле многу загрижени поради нејзиното непристојно сексуално однесување. Бохгревинк наведува дека за време на полициската истрага соседите говореле дека биле шокирани од однесувањето на мајката.

Тие изјавиле дека во станот на Брејвик постојано имало караници, како и сексуални активности и во присуство на деца.

Писателот Бохгревик се соочил со низа критики во Норвешка поради одлукта да објави делови од извештајот и некои дури го обвинуваат дека ја нарушил приватноста на мајката на Брејвик, која е примена на одделението за психијатрија еден ден откако нејзиниот син во бомбашки и оружен напад уби 77 лица во јули 2011.година.

Брејвик во август беше осуден на 21 година затвор поради нападот за кој рече дека „бил неопходен“ за да ја предупреди Норвешка за заканите од исламската имиграција.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби