Бразилско регулаторно тело: Вакцината на Астра Зенека безбедна за постари лица

Од:

Бразилското здравствено регулаторно тело „Анвиса“ соопшти дека податоците за вакцината против коронавирус, што ја развија компаниите „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, засега покажуваат дека вакцината е безбедна за постари пациенти.

„Анвиса“ реагираше откако Германија препорача вакцината на „Астра Зенека“ да се дава само на лица помлади од 65 години.

Како што наведе во соопштението, не е можно да се утврди ефикасноста на вакцината „Ковидшилд“ за постари од 65 години, бидејќи, како што наведува, учеството на старите лица во студиите што се спроведени досега не е статистички релевантно.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он