Бразилски сенатор препорача процедура за импичмент на Русеф

Од:

Бразилскиот сенатор Антониу Анастасиа, кој имаше задача да го испита барањето за импичмент на претседателката Дилма Русеф, препорача против неа да биде почната истрага за нарушување на буџетските закони.

Препораката на сенаторот значи приближување на Русеф со уште еден чекор до нејзиното отстранување од функцијата.

Анастасиа претстави извештај од 128 страници пред 21-члената Специјална сенатска комисија, која се очекува утре да гласа со големо мнозинство за испраќање препорака во Сенатот.

Следната недела на 11 мај Горниот дом на Парламентот треба да гласа за тоа дали дали да почне процедура за отстранување на Русеф, која може да трае 180 дена. Доколу таа биде разрешена од функцијата до крајот на нејзиниот мандат во 2018 година, на чело на државата ќе застане заменик-претседателот Мишел Темер.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он