Бразилски голман уби манекенка и со неа ги нахрани неговите ротвајлери

Од:

Бразлискиот голман Бруно Фернандез де Соуза (27) обвинет е за киднапирање, мачање и брутално убиство на менакенката Елиза Самудио (25) со чии делови од распарченото тело ги нахрани своите ротвајлери, а другиот дел го затрупал со бетон.

Де Соуза веќе издржува четири и пол годишна казна поради напад и киднапирање на манекенката, а подоцна оваа година ќе му се суди за убиство.

Според наводите на обвинението, Бруно киднапирањето и убиството на манекенката го извел со помош на осуммина, меѓу кои и неговата сопруга Дајана, еден малолетен роднина и поранешниот детектив Луиз Сантос, и сите заедно со него се обвинети за киднапирање и убиство.

Обвиненителството тврди дека познатиот голман гледал како Сантос ѕверски ка злоставува несреќната жена во неговата куќа за одмор на имотот „Бело Хоризонте“, а тој пуштал гласна музика за да ги пригуши нејзините врисоци. Потоа му помогнал на детективот да го распрачи телото, со некои делови нахранети се ротвајлерите на Брруно, а останатите делови се покриени се бетон.

„Се покажа дека идолот на публиката како што е Бруно, кој играше за така голем клуб (Фламенко, од каде е веднаш суспендиран) всушност е чудовиште“, констатира Едисон Мореира , детективот кој работеше на истрагата на овој случај.

Истрагата покажала дека Бруно сакал на вака „брутален“ начин да го зачува „добриот глас“ за него, кој во една прилика нападнал навивач, уживал канабис, учествувал на оргии со неговите колеги.

На своја несреќа, манекенката Елиза Самудио на една таква забава го сретнала Бруно, и заедно ја поминале ноќта, за набрзо после тоа да открие дека таа е трудна.

Кога му рекла на познатиот голман за детето, тој збеснал, а кога му открила дека планира да покрене судски процес за докажување на татковството, тој испланирал како да ја киднапира и да ја убие.

Бебетото кое било во четврти месец во моментот кога манекенката била убиена, Бруно претходно планирал да ги израсне со неговата сопруга за кое се договориле да кажат дека е посвоено од сириомашно роднини во провинцијата.

Голманот цело време тврди дека е невин а за манекенката Елиза Самудио дека е „курва која никому нема да недостасува“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил