Бразилската претседателка се сретна со со лидерите на 25 младински организации

Од:

Претседателката на Бразил Дилма Русеф и министерот за образование Алојзио Меркаднате денеска се сретна со лидерите на 25 младински организации, меѓукои и студентски и работнички здруженија, како и со активистите за правата на хомосексуалците.

Русеф вети дека ќе отвори „нови канали за дијалог“, но нема повеќе информации за што се разговарало на средбата.

Протестите во Бразил избувнаа во Сао Паоло поради зголемување на цената на билетите за градскиот транспорт, а потоа преминаа во антивладини протести ширум земјата поради корупцијата во Владата, високите даноци, лошиот квалитет на јавните услуги и големите расходи за спортските настани како Купот на конфедерациите, Мундијалот и Летните олимписки игри.

Владата последните неколку денови покренува низа иницијативи за да им излезе во пресрет на демонстрантите, но протести продолжуваат со помал обем.

Претходно, бразилската Асоцијација за истражувачко новинарство соопшти дела од почетокот на протестите во Бразил на 17 јуни, 34 новинари биле жртва на агресија или закани од страна на полицијата, шест репортери биле уапсени, а 12 новинари биле повредени од демонстрантите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил