Бразилската „Петробрас“ поради корупција оштетена за 2,06 милијарди долари

Од:

Загубите на бразилската државна компанија „Петробрас“ поради корупцијата во нејзините раководни структури минатата година изнесувале 6,2 милијарди реали (2,06 милијарди долари).

Корпорацијата ја заврши годината со вкупна загуба во износ од 7,2 милијарди долари, покажува финансискиот извештај, утврден од меѓународните ревизорски компании.

Бразилските власти спроведуваат истрага за најголемата корупциска измама во историјата на јужноамериканската земја со учество на членови на поранешното раководство на „Петробрас“ и компании поврзани со неа.

Поранешниот директор за набавки на компанијата, Паулу Роберто Кошта вчере беше осуден на седум и пол години затвор. Тој пресудата ќе ја отслужи во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил