Бразилска претседателска рокада или Тарантино во живо

Од:

Би-Би-Си руска редакција – Лондон

Во Бразил започнаа демонстрации откако претседателката Дилма Русоф го назначи за шеф на својот кабинет поранешниот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва, или попознат само како Лула. Протестите продолжуваат и покрај тоа што федералниот судија одреди засега назначувањето на Лула да се одложи, затоа што според него може да влијае врз проследувањето по кривично дело.

Што ги предизвика протестите?

Пред две недели, Лула беше повикан на распит како осомничен во случај со перење пари по обемната истрага за корупција во нафтената компанија Петробраз. Тоа е најголемиот корпуциски скандал во историјата на Бразил.

Самиот Лула тврди дека целта на истрагата против него е да не може повторно да се кандидира за претседателската позиција во 2018 година.

Сега Лула ќе биде заштитен од евентуално кривично гонење, затоа што членовите на претседателскиот кабинет можат да бидат судени само од Врховниот суд.

Врз основа на собраните докази по обвинението се дознава за криминалните шеми се користени за финансирање на предизборната кампања и трошоци кои биле правени од политичката партија на Лула.

Зошто назначувањето на Лула отвора проблеми?

На 16 март, судијата Сержио Моро, кој ја предводеше истрагата за корупциски скандал во Петробраз, одбјави запис на прислушуван телефонски разговор меѓу Русеф и Лула, во кој претседателката предлага „ако е тоа неопходно“ да испрати документ дека е назначен на должност во владата. Критичарите на кабинетот веднаш обвинија дека станува збор Лула да биде заштитен од криминалната истрага.

Самата Дилма Русеф негира дека се обидува да го заштити поранешниот шеф на државата. Според неа, „назначувањето на Лула да Силва е од огромно значење од две причини: првата е неспорното политичко искуство на експретседателот. Втората е дека тој ја познава државата, нејзините потреби, има и стратешка визија неопходна за нејзиниот развој. Учеството на таков човек (во управувањето) е големо постигнување за мојата влада“.

Опозицијата исто истакнува дека назначувањето на Лула можеби е незаконско, затоа што не било објавено во државен весник. Како одговор на тоа, Дилма Русеф нареди за првпат во бразилската историја да се отпечати вонредно издание на весникот.

Зошто судијата објави текст од прислушуваните телефонски разговори?

Тоа во пракса беше простапка без преседан, затоа што делото е сеуште во фаза на истрага и сеуште не стигнало до судот. Според критичарите, на тој начин судијата Моро демонстрира дека е политички пристрасен. Тој самиот веќе изјави дека планира да го препрати делото против Лула до Врховниот суд.

Дилма Русеф објави изјава полна со конфузии, во која стои дека објавувањето на снимката е „кршење на правата и гаранциите на претседателството, а притоа е и противуставно“. Но други посочуваат дека истрагата за корупцијата во Петробраз засега политичари од повеќе партии.

Зошто претседателката Русеф го штити Лула?

Прво, на политички план тоа е нешто како „прекретница“ за сегашната државна раководителка. Имено, Лула ја доведе Дилма Русеф во политиката токму кон крајот на својот втор мандат и ја лансира за претседателски кандидат, иако дотогаш таа немала никакви изборни должности. Таа поминала пет години како шеф на неговата претседателска администрација.

Второ, опозицијата за неа бара импичмент, затоа што таа намерно криела вистински информации за буџетскиот дефицит на земјата тоа дека тоа ја предизвикало рецесијата во земјата. Всушност, милиони луѓе редовно излегуваат на демонстрации со барање за оставка или имичмент за претседателската Русеф.

Во парламентот, нејзината Партија на трудот зависи од поддршката од Бразилското демократско движење, но денес тие испраќаат сигнали дека повеќе нема да ја поддржува. Според аналитичари, Дилма Русеф можеби се надева дека Лула – со своето богато политичко искуство и тесни врски со политичари од сите партии, ќе успее да се измолкне од импичмент.

Зошто прашањето за импичмент толку се заостри?

Опозицијата веќе со месеци настојува на импичмент на Русеф. Но независно на тоа што таа беше на чело на Петробраз од 2003 до 2010 година, до овој момент нема никакви докази дека учествувала во било какви корупциски шеми или знаела дека тие постојат.

Неделава, всушност печатот објави изјави од сенаторот Десидио ду Амарала, кој рекол дека 17 години по ред учествувал или е канет да учествува во корупциски шеми, фалсификување на докази, незаконско користење средства и кочење на истражни дејства. Сенаторот ги соопшти имињата на мнозина политичари вмешани во тоа, а посебно имињата на Дилма Русеф и Луиз Инасио Лула да Силва.

Зошто во бразилскиот печат се насетува зборот „преврат“?

Според приврзениците на Дилма Русеф, опозицијата се обидува да изврши преврат, со тоа што бара импичмент на претседателот и смена на власта преку суд, а не преку избори. Нејзините противници тврдат дека таа де факто му ја префрла власта – целосно или делумно, на човек кој не е избран од никого. Исто се истакнува дека Русеф би сакала Лула да стане нејзин наследник на претседателската позиција, како што се изведе рокада на Владимир Путин и Дмитри Медведев.

Зошто е важен овој скандал?

Бразилското општество е поделено на две. Посиромашните слоеви од населението ја поддржуваат Партијата на работниците, Дилма Русеф и Лула затоа што двајцата водеа и водат политика за развој на земјата која од сиромаштија спаси милиони луѓе. Побогатите Бразилци се растревожени најмногу од проблемите околу корупцијата.

Како ќе заврши сето ова?

Според зборовите на бразилскиот политиколог Жаиро Николао, политичката ситуација потсетува на филм од Тарантино, во кој мнозинството луѓе стрелаат едни против други – истовремено – и штом ќе слегне чадот, гледаме кој е се уште на нозе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил