Бразил: Дал оставка, па се вработил во ОН

Од:

Министерот за надворешни работи на Бразил, Антонио Патрио поднесе оставка откако еден дипломат ја информираше јавноста дека му помогнал на боливиски сенаторкој што бил обвинет за корупција.

Патри наводно му помогнал на сенаторот да ја премине границата и да влезе во Бразил.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф, ја прифати оставката на Патрио и го именува за бразилски пратеник во ОН, пренесе „Ројтерс“.

Актуелниот амбасадор на Бразил при ОН, Луис Алберто Фигуередо ќе стане шеф на дипломатијата.

Оставката на Патрио би требало да и помогне на Бразилија, да ги избегне дипломатските несогласувања со соседна Боливија, во која левичарската влада на претседателот Ева Моралес е лута поради бегството на опозицискиот сенатор Роџер Пинт.

Пинт, кој што ја обвинува владата на Моралес за поврзаност со трговците на наркотици, избегна апсење бидејќи побара и доби азил во бразилската амбасада во Ла Паз.

Меѓутоа тој 15 месеци мораше да претстојува во амбасадата, бидејќи боливиската влада му се закани со апсење.

Во текот на изминатиот викенд, Пинт, со помош на бразилскиот шеф на дипломатијата, со автомобил на бразилската амбасада замина во Бразил.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил