Борис Џонсон ќе ги посети Финска и Шведска

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе ги посети Финска и Шведска, соопшти Даунинг стрит, додека нордиските земји размислуваат за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина.

Финска и Шведска се очекува оваа недела да објават дали ќе се пријават за приклучување кон алијансата. Хелсинки и Стокхолм се потресени од инвазијата на Москва врз нејзиниот прозападен сосед, што предизвика јавна поддршка за пресврт во политиката.

Официјалниот портпарол на Џонсон изјави дека премиерот ќе ги посети двете земји в среда за дискусии за Украина и за пошироката европска безбедност.

„Ја поддржуваме демократската способност на земјите да одлучуваат за работи како што е членството во НАТО“, додаде тој.

„Ги разбираме позициите на Шведска и Финска и затоа премиерот ќе разговара за овие пошироки безбедносни прашања“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Стоп за возилата со руски таблички во Финска