Борис Џонсон: Има многу позитивни работи по победата на Доналд Трамп

Од:

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека има „многу позитивни работи“ по победата на Доналд Трамп, на американските избори.

Џонсон, кој претходно го критикуваше Трамп и го обвинуваше за „вчудоневидувачката игноранција“ околу некои негови изјави во текот на изборната кампања, сега им сугерира на Британците да не го судат однапред.

Шефот на Форин Офисот за британските медиуми во Брисел, сега вели дека Трамп е „човек кој знае да се спогодува“ и дека тоа е добро за Велика Британија.

Реагираше и Даунинг стрит 10, од каде уверуваат дека на односите на премиерот Тереза Меј со новоизбраниот претседател на САД се „работи добро“.

Повеќемина британски политичари го критикуваа Трамп за неговите изјави околу забраната за влез во САД на муслиманите, како и за изградбата на ѕид долж границаата со Мексико, па беше покрената и дебата во Парламентот во Лондон за да му се забрани влез во Британија.

Групата која ја водеше кампањата за останување во ЕУ, во која беа и тогашниот премиер Дејвид Камерон и најголемиот дел од министрите, вклучувајчи ја и Тереза Меј, не беа задоволни што Трамп навива за Брегзит.

Пред една година, Борис Џонсон ги опиша изјавите на Трамп како работи „надвор од паметот“ и зборуваше дека една од причините зашто не оди во Њујорк е можноста да „наиде случајно“ на милијардерот.

Најновите изјави на шефот на британската дипломатија, доаѓаат во време кога тој, а посебно премиерот Меј, остро се критикувани од ториевците за тоа што владата не сака да ги користи врските што Најџел Фараж ги има со Трамп и со неговите републиканци.

Медиумите во Лондон тврдат дека Меј не сака УКИП да профитира на домашната сцена од неочекуваната победа на Трамп, но весниците на опозицијата откриваат дека британскиот премиер била на „крајот од редот“ од десетина странски лидери со кои Трамп разговарал по победата.

Фараж веќе се сретна со новоизбраниот претседател на САД, а Меј на тоа ќе чека ,најверојатно, до март идната година.

Во Лондон се зборува за „специјалните односи“ на Британија и САД, како и за тоа дека Трамп и Меј ќе изградат врски како Маргарет Тачер и Роналд Реган од осумдесетите години на 20 век, но од другата страна на Атлантикот нема најави за ваква срдечност.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува