Борбата со коронавирусот не е завршена, предупредува Клуге од СЗО

Од:

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге истакна дека Европа, покрај добрите показатели, сè уште не ја завршила борбата против коронавирусот и дека сега сите земји на стариот континент мора да покажат солидарност и да работат заедно на забрзана и широка имунизација на граѓаните.

Клуге организираше видеоконференција насловена „Патоказ за здравство на Западен Балкан 21-25“, на која присуствуваа министрите за здравство од Југоисточна Европа и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, кој истакна дека по пандемијата, во јавното здравство, но и во сите други области, ништо повеќе нема да биде исто.

Верхеји најави и програма за поддршка на здравствените системи на земјите од Југоисточна Европа, во вредност од 28 милијарди евра, до 2025 година, со цел да се надминат последиците од пандемијата и понатамошно подобрување на здравствените системи, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски