Бомбашот самоубиец од Мосул бил Британец затворен во Гвантанамо

Од:

Бомбашот самоубиец, кој пред повеќе од два месеци го изврши нападот врз група ирачки војници во градот Мосул, е Британец, кој преминал во Ислам и им се прикличил на џихадистите од групата Исламска држава (ИД), открива британската телевзија „Скај“, повикувајќи се на безбедносни извори во Лондон.

Според „Скај“, терористот Абу Захарија ал Британи (50) пред 15 години се поврзал за радикални исламистички групи и под сомнеж за тероризам околу две години минал во затворот во американската база Гвантанамо на Куба.

Во 2002 година, тој бил уапсен од американски војници во Авганистан и одведен во затвор во Кандахар, од каде потоа бил префрлен во Гвантанамо.

Во 2004 година со уште четворица други британски исламисти бил ослободени и вратен во Велика Британија, откако Американците од него ги „извлекле“ сите „потребни и корисни информации“.

По ослободувањето, под притисок на разните хуманитарни групи и организации за човекови права, Ал Британи ја тужеше британската држава, а Судот определил да му бидат исплатени еден милион фунти, како отшетата за „незаконското“ задрживање во затвор.

Бомбашот од Мосул, чие родено име е Роналд Фидлер, е татко на пет деца и е од околината на Манчестер. Тој по враќањето од Гвантанамо го сменил името во Џамал ал Харит.

Подоцна преку Турција побегнал во Сирија, а од таму во Ирак, каде како припадник на ИД го добил името Абу Захарија и додавката „ал Британ“, што е вообичаена постапка за да се определи од каде потекнува.

Во терористичкиот напад на овој бомбаш самоубиец на 7 декември минатата година врз припадници на ирачката армија во едно село во околината на Мосул, беа убиени десетици војници.

Околу 850 британски муслимани заминале досега во Сирија и во Ирак за да војуваат на страната на џихадистите од ИД. Според британските безбедносни служби, се претпоставува дека половината од нив се вратиле дома, а дека околу 15 отсто од оние што заминале се убиени.

Во изјава за „Скај“, претставник на Форин Офисот признава дека нема точен увид колку лица со британски пасоши се наоѓаат во Ирак и Сирија, како припадници на ИД.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски