Болтон: Војската на ЕУ би била нож вперен кон срцето на НАТО

Од:

Доколку навистина дојде до создавање на оперативна војска на ЕУ, таа би претставувала нож вперен кон срцето на НАТО, изјави кандидатот за државен секретар на САД и поранешен американски амбасадор во ОН, Џон Болтон.

Европскиот парламент во вторникот донесе необврзувачка резолуција со која се бара за создавање на одбранбена сили поради заканите со кои се соочува ЕУ, но високиот преттсваник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека тоа нема да биде „европска армија“, туку структура која ќе дејствува заедно со НАТО.

Меѓутоа, како што јави „Раша Тудеј“, Болтон оцени дека таа резолуција може да доведе до тоа ЕУ да ја загуби заштитата на НАТО, нагласувајќи дека смета оти Унијата не е способна да формира „вистинска централизирани војска“.

– Доколку ЕУ вели „Можеме сами да се браниме“, многу Американци ќе речат – „Добро, ама следниот пат кога авторитарното милитаристичко општество ќе биде закана, јавете ни како испаднало тоа“, наведе Болтон.

Тој оцени дека има многу реторики за можностите, но дека сето тоа е „шупливо“.

– Доколку мислите да се потпрете на ЕУ, со целата ефикасност на бирократијата во Брисел, Бог нека во е на помош. Тоа е се што можам да ви кажам. Можете да завршите така што ќе ги испровоцирате другите, можеби Русија, а кога тие ќе сфатат дека се ова е слабо, ќе бидете во уште поголема опасност, нагласи Болтон.

Според негова проценка, клучната разлика меѓу ЕУ и НАТО е „мешањето на суверенитетот на земјите членки“.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија