Болсонаро го одобри законот за задолжително носење маска на јавни места

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој досега постојано е критикуван за неговиот став кон пандемијата на коронавирусот, го одобри предлог законот со кој се бара задолжително носење заштитни маски на јавни места.

Тој, меѓутоа, стави вето на членот од законот што бара тоа да биде неопходно и во продавниците, црквите и училиштата, објаснувајќи го неговиот став со тоа дека усвојувањето на таквата одредба може да доведе до кршење на правата на сопственост.

Покрај тоа, тој го искористи своето право на вето и во случај на членот што го утврдува делењето заштитни маски за сиромашните.

Болсонаро се уште не ја признава сериозноста на ситуацијата предизвикана од пандемијата во неговата земја, иако со 1,5 милиони заразени и 61.884 смртни случаи од Ковид-19 Бразил се наоѓа на второто место во светот според двата статистички параметра, наведува Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци на Институтот Џон Хопкинс.

Предлог-законот беше усвоен од страна на Претставничкиот дом на бразилскиот Конгрес и во рок од 30 дена Конгресот може да ги поништи решенијата за ветото на Болсонаро со апсолутно мнозинство.

Би можело да ве интересира

Болсонаро e обвинет за обид за државен удар

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница