Болсонаро: Ди Каприо е кул дечко, дава пари за подметнување пожари во Амазонија

Од:

Бразилскиот претседател го обвини американскиот актер Леонардо Ди Каприо дека дава донации на некои организации кои наводно стојад зад пожарите во Амазонија.

„Ди Каприо е кул дечко, зарем не. Дава пари за подметнување пожари во Амазонија“, рече Болсонаро.

Организацијата на Ди Каприо вети пет милиони долари за заштитата на Амазонија откако пожарите уништија огромни делови шума во јули и август.

Коментарот на Болсонаро следеше откако полицијата упадна во седиштето на две непрофитни организации во државата Пара и уапси неколку волонтери кои подоцна беа ослободени.

Локалната полиција изјави дека против волонтерите се води истрага за наводното подметнување пожари заради добивање финансиски средства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил