Болничар во Сиднеј призна убиство на 11 лица во подметнат пожар

Од:

Австралијанецот Роџер Дин (37) призна денеска на судењето во Сиднеј дека убил 11 лица, подметнувајки пожар во еден дом за стари и немоќни лица во овој град во Австралија.

Дин, кој во домот работел како болничар и негувател на несреќните луѓе, не ги откри мотивите за своето тешко злосторство.

Во пожарот и во густиот чад што се развил, на самото место загинаа пет лица, а шест други починаа во сиднејската болница, како последица на тешките повреди.

Во моментот кога болничарот Дин го подметнал пожарот, во домот се наоѓале 80 стари и немоќни лица.

Пожарот се случи на 18 номври 2011 година. Локалната противпожарна служба брзо интервернираше во обид да ја запре огнената стихија, но успеа да спаси седумдесетина од станарите на домот.

Зградата во која беше сместен домот, целосно беше уништена. Пожарникарите тврдат дека последиците можеби ќе беа помали, ако зградата имаше вграден внатрешен систем за прскање вода, што автоматски се активира при посилен чад или појавување на оган.

Судијата соопшти дека казната за Роџер Дин ќе биде дополнително соопштена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион со заглавени тркала слета на аеродром во Австралија

Катерина Ѓуровски

Се запали локомотива во Гевгелија

Пожар во Дом за стари лица во струмичко Банско, нема повредени

Предраг Петровиќ

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани